Фото на насловна - Канео, 1965 година

 Иако најважно во животот е човек да гледа напред, пред себе, секој од нас понекогаш се навраќа на убавите спомени, кои будат чувства на задоволство од фактот дека сме биле сведоци на едно убаво време. 

 Токму поради тоа, на ваше и наше задоволство, нашата насловна страна постојано ја украсуваме со фотографии-сведоци на едно поблиско или подалечно минато од историјата на Охрид. 

 Наш избор за следниве денови е една прекрасна разгледница од 1965 година, на која е прикажана најфотографираната локација на Охрид - црквата Св. Јован Богослов - Канео. 

Оваа фотографија за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.