Занаетот треба да опстане и во ова корона "лудило"

 Вонредната состојба не им дозволува на занаетчиите да излезат на стандардни протести пред Владата, па голем број фризери, козметичари, бербери, решија своето незадоволство од ситуацијата во која се затекнати да го искажат преку социјалните мрежи и медиумите. 

Писмо со незадоволство, како едни од најпогодените во вонредната состојба, испратија и до нашата редакција. Во целост го пренесуваме на нашиот медиум: 

Почитувани (непочитувани ) моќници  !!!

Сведоци сме на огромно незадоволсвото како занаетчии овие денови како некој сака да манипулира со нашата професија. Сите ветувања што ги слушнавме деновиве за наводна помош за занаетчиите како ќе биле потпомогнати во овој кризен период паднаа во вода бидејќи сето тоа излезе дека е голема лага.

Барањето на занаетчиите Беше :

▪︎Субвенционирање на плата и придонеси за месеци март,април и мај.

▪︎Да бидат вклучени за безкаматен кредит со грејс период на 24 месеци преку Македонска банка за развој.

▪︎Одложување на кредити од 6 месеци без дополнителни трошоци и камати во тој период.

Од сите овие мерки во ништо не е вклучен занаетчијата, oсвен наводно субвенционирање на плати за вработени само за април и мај од кои треба да се вратат назад на завршна сметка во 2021 година.

Затоа протестираме на сите социјални мрежи и преку медиуми каде што ќе се слушне и види за нашето незадоволство.

 

Потпис : Огромна бројка на здружени занаетчии.