Продолжува дезинфекцијата на училишните објекти

 Во рамки на оперативниот план на Локалната самоуправа за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, деновиве продолжиja активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид.

Беше извршена дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во:

  • СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и
  • СОСУ „Свети Климент Охридски“

Претходно беше извршена дезинфекција на сите основни училишта во општината.

 



Извор: www.ohrid.gov.mk