Катче за најмладите - "Раскажувачка" за добра ноќ

 Од денес нова содржина на Вашиот Магазин - приказни за добра ноќ! 

Охрид Магазин од денес нуди нова содржина наменета за најмладите, а се надеваме дека истовремено ќе биде интересна и за возрасните. 

Наметнатите вонредни околности се обидуваме да ги поминувате полесно со убави, свежи и интересни содржини. 

 Два пати во неделата ќе имате можност да слушате нови приказни раскажани на македонски јазик, кои може да се сретнат во различни изданија, со скратена или оригинална содржина, а што ќе ви понудиме ние, нека биде предизвик редовно да не следите и да уживате пред заспивање со Раскажувачка за добра ноќ. 

Вечерва слушнете една од најпознатите и најраскажувани приказни - "Штурецот и мравките". Приказната е позајмена од youtube каналот Раскажувачка.