Креативен охридски музичар создава песни "против Корона вирусот"

 Охридскиот музичар Кирил Ничевски, кого охриѓани го знаат по неговите настапи на свадби, родендени, празници, крштевки и други прослави, деновиве од домашна атмосфера се обидува да ги расположи своите фанови, создавајќи текстови за актуелната ситуација со Ковид 19.

Кирил до сега има направено два текста кои, како што пишува на својот facebook профил, ги создава за да рашири позитивна енергија меѓу луѓето, и секако да се оттргнеме малку од сериозноста на  темите кои овој период го обиколуваат светот.

 Секако дека песните не се официјални, за поддршка на своите текстови тој користи музика од познати рефрени, а делата ги нарекува еден вид пародии. 
 
 Реакциите на неговите следбеници се многубројни, позитивни, со низа коментари кои се доказ дека Кирил го постигнал вистинскиот ефект – расположил многумина.
 
Новонастанатите песни ( "Ако одам в продавница" и "Песна против Корона") може да ги погледнете тука.