Убавина без филтер - фото: Сашко Георгиески

  Деновиве кога сите сме во делумна изолација, и неопходно е да останеме дома, се обидуваме до вас да допреме пред се со убави содржини и фотографии кои автентично ја отсликуваат сета убавина на нашиот град, будењето на раната пролет која веќе е  на прагот, и сите знаменитости и обележја во кои заеднички уживаме.

Охрид мириса на пролет, природата се буди, а голем дел од нашите сограѓани умеат на волшебно уметнички начин да ги овековечат миговите кога градот е облеан од сончев сјај.

Она во што денес може да уживате се фотографиите на нашиот сограѓанин Сашко Георгиески, кој  мошне вешто и од различни агли ја “лови” природата, создавајќи пејзажи за восхит.