Поради градежни активности, затворена за сообраќај улицата "Цар Самоил"

 Поради изведување на завршните градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“, од денес, 12.03.2020 година, затворена за сообраќај е улицата „Цар Самоил“, во потегот од улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ во близина на Капетанијата на пристаништата до црквата „Света Софија“.

 

Времениот прекин на сообраќајот ќе биде активен до комплетно завршување на градежните активности.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk