Зградата на општина Охрид осветлена во чест на ретките

 Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин.

 Од вечерва, од 19 часот, па се до 29- ти февруари, зградата на општина Охрид, секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина боја, кои се заштитни бои на кампањата за Денот на ретките болести. За прв пат во земјава една јавна институција ке биде осветлена со боите на ретките болести.

 Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек.



Извор: www.ohrid.gov.mk