Во петок во "Аквариус" бидете дел од хуманитарната забава за помош на 12-годишната Ева Колоска!
Да ја покажеме нашата хуманост, и да направиме мал гест со кој многу ќе помогнеме еден детски живот да се радува и ужива во убавините на животот!
– Дојдете за уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и со тоа да помогнеме во лекувањето на 12-годишната Ева. Да направиме таа повторно да ја види светлата страна на животот, порачуваат организаторите. За забавата ќе се погрижи групата Броз, a настанот е поддржан од Labino Sound и Terazza Aquarius.
На Ева и’ беше дијагностициран тумор на мозокот, а сега се потребни парични средства за третманот на радиотерапија, за девојчето да може да продолжи да се радува на животот.