Фото на насловна - хотел Парк, 2006 година

 Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна е уште едно навраќање, но овој пат кон поблиското минато на Охрид. 

Знак за препознавање на преубавата градска обала до неодамна беше хотелот Парк, за кој сега граѓаните со доза револт и носталгија зборуваат и споделуваат убави сеќавања. Парк беше вистински украс на плажата, опкружен со зеленило, природа каде се вдишуваше убавина, љубов и се создаваа незаборавни мигови. 

Денес, на местото на овој хотел, се изгради нов, модерен комплекс, кој зафаќа поголем простор, а за сметка на тоа зелената површина е сведена на минимум. 

Фотографијата која датира од не толку далечната 2006-та година, ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", каде за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Петар Боев.