Ѓоко Танески, Камелеон и Ефто Пупиноски на плоштадот во Охрид за дочекот на Новата Година

 Општина Охрид и оваа година организира забава на Градскиот плоштад за заеднички дочек на Новата година.

 Како што најавија од локалната самоуправа, за забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.

Од општината велат дека организираат забавна програма на Плоштадот која ќе трае од 01.01. до 20.01.2020 година, а во нејзини рамки предвидено е да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.