Вообичаено сончевиот Охрид еве како изгледа утрово

 Магливите утра не се честа појава во нашиот град, бидејќи претежно имаме благи зими, без екстремни студови кои долго траат.

 Но, утрово, Охрид се разбуди во густа магла, а нашиот сограѓанин Митко Лукан направи убава фото-споредба на иста локација, фотографирајќи еден прекрасен сончев ден, наспрема денешното магливо утро. 

Еве  како изгледа охридско утро во магла: 



Деновиве од оваа работна недела не се очекуваат студени утра, односно минималната температура ќе се спушти до 7ºС, додека максималните дневни ќе достигнат до 13ºС. Од викендот кој следува се најавува благо опаѓање на дневните температури. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, и слаб умерен ветер.