Една година од прераната смрт на охридскиот градоначалник, проф.д-р Јован Стојановски

 Минатата година овој ден, 15-ти декември, злокобна вест  се рашири меѓу граѓаните – информацијата за прераната смрт на охридскиот градоначалник. Како молња и со неверување се ширеше оваа тажна вест, а болката по загубата на нашиот Голем човек сè уште не е стивната.

 Проф.д-р Јован Стојановски во октомври 2017 година беше избран за градоначалник од редовите на СДСМ, а функцијата ја извршуваше сè до неговата прерана смрт која го затекна на 48 годишна возраст.  Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

 Меѓу граѓаните Стојановски ќе остане запаметен како добар и почитуван професор, пресретлив и подготвен секого да сослуша и помогне. Беше оженет и татко на две деца.

 Во знак на почит и сеќавање на неговото дело, годинава постхумно му беше доделено највисокото општинско признание “Патрон на градот- Св. Климент Охридски” за 2019 година.
 
Вечна му слава.