Цвеќе во чест на Св. Климент

 Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, утрово градоначалникот, Константин Георгиески се поклони пред моштите на светителот во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на  Плаошник.

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Георгиески положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во истоименото основно училиште, а цвеќе беше положено и пред монументалниот споменик на  Светителот  на градскиот плоштад. Тука  беа врачени  награди на најдобрите  поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс. Со тоа завршија годинешните чествувања посветени на заштитникот на Охрид.




Извор: www.ohrid.gov.mk