Свеченост во градската Библиотека во чест на Патронот на Охрид - Св. Климент Охридски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денеска се одржа свеченост посветена на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, која започна со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева. Во рамките на свеченоста, на која присуствуваше и претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, имаше  фото презентација: „Св.Климент Охридски и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост:  „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.

Беаше промовирана  трилогијата за Охрид (книги со фотографии од градот од минатото до денес) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ, писателот Коста Фортомар од Охрид  беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“, а во културно уметничкиот дел на свеченоста настапија ученици од ОМУ „Методи Патче“ .



Извор: www.ohrid.gov.mk