Нова содржина во рамки на Црвен крст Охрид - формиран женскиот хор A Cordis

 Црвен крст Охрид, но и градот Охрид се побогати за уште една културна содржина која од неодамна е дел од рамките на Црвен крст Охрид.

 Имено, деновиве започна да делува женскиот хор A Cordis. Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска,  секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекуваме за Новогодишните празници.