Вечерва извлекување на наградите од хуманитарната акција "За посреќно детство"

 Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ од организацијата информираат дека извлекувањето на добитниците на преку 50 награди ќе се изврши денес, 16.10.2019 година во 19:15 ч.

 Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=QThHkCR1B6o&feature=youtu.be

Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот:  https://www.youtube.com/watch?v=QThHkCR1B6o&feature=youtu.be

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

 Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 35.521 денари, а дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.