Вечерва - Голем хуманитарен концерт `Заедно за Јана`

 Уште едно потсетување за вечерашниот голем хуманитарен концерт  `Заедно за Јана`!
 
 Секој од нас може многу да придонесе за здравјето на нашата сограѓанка Јана Арсовска, која веќе пет години боледува од редок вид тумор, кој за да го победи треба да се изложи на третман кој чини 213.329, евра. Тоа е огромна сума, и затоа во овие мигови на Јана и сме најпотребни. Со нашето малку, заедно ќе направиме многу!

 Постојат многу начини како да и дадеме поддршка и помош, а еден од нив е нашето вечерашно присуство на големиот хуманитарен концерт `Заедно за Јана` кој ќе се случува во НУ Центар за култура `Григор Прличев` со почеток во 19:30 часот.

 Не пропуштајте го ова случување, каде ќе ве забавуваат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Таневски и Владимир Четкар.  Влезниците се по цена од 300, денари.

За Јана заедно!!!