Викенд во знак на хуманост - за нашата Јана!

 Голем број охриѓани ја покажаа својата хуманост донирајќи во собирните каси на Црвен крст Охрид, на вчерашниот хуманитарен настан за помош на Јана кој во организација на Црвен крст Охрид и Oriflame се одржа на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

  За возврат, дел од посетителите од тимот на Oriflame добија  тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, а дел се забавуваа со волонтерите на Црвен крст со добра музика и конзумирање на производите на Рондо трејд, сокови, кафе, топло чоколадо и друго.



 Оваа хуманитарна акција со истите содржини продолжува и денес од 11-16 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

Не пропуштајте ја можноста за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите напитоците од фирмата Рондо трејд и воедно ја изразите својата хуманост. Средствата собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.
Акцијата е поддржана и од ресторанот Лихнидос.




 Не заборавајте и на вечерашниот настан за Јана!

 Од 19:30 часот во НУ Центаро за култура `Григор Прличев` бидете дел од големиот хуманитарен концерт `Заедно за Јана`, на кој ќе настапат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Таневски и Владимир Четкар. 



 Цената на влезницата за концертот изнесува 300 денари, а сите собрани средства ќе бидат префрлени на сметката за лекување на нашата сограѓанка Јана Арсовска.