Учениците од Бреинобреин програмата утре ќе се рекреираат на велосипеди

 Во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина, а со цел поттикнување на здрави животни навики,  Бреинобреин Македонија и сите центри кои ја имплементираат Бреинобреин програмата во Република Северна Македонија во сабота, 28.09.2019 г. ќе организираат заедничка дружба со возење велосипед под мотото ,,Бреинобреин на велосипед - рекреација и здравје...“

Учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во центарот БОБ-Црвен крст Охрид заедно со своите родители, во сабота, 28 септември,  ќе се дружат возејќи велосипеди по велосипедската патека на потегот од „Езерската полиција“ до „Амброзија“. Стартот е предвиден во 12 ч. кај „Езерска полиција“.

- Ги покануваме нашите сограѓани да се приклучат на оваа активност, бидејќи предностите на возењето велосипед се повеќе од релаксација. Возењето велосипед претставува забава која поттикнува социјални интеракции и го подобрува расположението, велат од Општинската организација на Црвен крст Охрид.