Охридски комуналец повторно го расчистува патот до Велестово

 Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.

 Денес екипи на Охридски комуналец повторно го расчистуваат истиот патен правец. Oваа акција покрај расчисувањето има цел да ја подигне еколошката свест кај несовесните групи граѓани и поединци. 

 




Извор: www.ohridskikomunalec.com.mk