Во есенскиот циклус уписи на нови деца за БРЕИНОБРЕИН програмата на Црвен крст - Охрид

 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус  започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст. 

 Кандидатите преку интернационалната Бреинобреин едукативна програма ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на БОБ-Црвен крст Охрид  говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на петте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб, Хрватска и во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2015, 2017 и 2018 година.

 Уписите започнуваат од 4 септември 2019, и ќе траат 10 дена. Уписните формулари, како и информации за оваа програма заинтересираните можат да  добијат во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч. На 14.09.2019 (сабота) од 10-14 ч. во просториите на Црвен крст Охрид предвиден е отворен ден за презентација на БОБ програмата.