Еко - акција за чист Охрид

 Културолошката иницијатива „5 до 12“ во соработка со Чист Охрид, вчера организираа заедничка еко-акција во која за два часа беа собрани 50-тина вреќи ѓубре на Полигонот за мали спортови, кој одамна ја има изгубено својата вистинска функција.  

Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец.



 Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која Чист Охрид веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад.

Да се ослободиме од  депонија во срцето на градот, но и во околината, тоа значи кај секој од нас да проработи свеста за зачувување на животната средина, а со тоа и чување на сопственото здравје.

 Чист Охрид упатува апел и за активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните.

Сите заслужуваме чист Охрид!