Фото на насловна - Палас во 60-те години на минатиот век

 Деновиве нашата насловна страна ќе ја краси уште една фотографија која буди емоции, носталгија и сеќавање по едно минато време.

  Колку е суров забот на времето, или колку човечкиот фактор ја има улогата во зачувување на убавините и наследството, може да се погледне кога ќе се направи компарација  како изгледале објектите некогаш, а како сега.

Изборот за оваа прилика е фотографија која ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски, а го прикажува хотелот Палас во 60-те години на минатиот век.