31.`Поетска ноќ во Велестово` - Поли Муканова

 Поли Муканова е поетеса, преведувач и универзитетски професор. Родена е во Софија, 1980 г. Дипломирала бугарска филологија на софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во 2004 година, а докторската дисертација по филозофија ја одбранила во 2013 година. Има објавувано и застапувана е во повеќе списанија и антологии во Бугарија и во странство. Како автор дебитира со стихозбирката „Мигови во кибритна кутија“ во 2009 година и тоа, најпрвин со нејзиното објавување на македонски јазик, а веднаш потоа и на бугарски. Во 2012 година излегува од печат нејзината прозна книга „Амор Фати: Фрагменти“.



Во 2016 година ја објавува својата стихозбирка „Школките имаат два дела“ на бугарски и на македонски јазик. Во 2017 година го преведе романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска од македонски на бугарски јазик.
Била учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали, меѓу кои и „Караманови средби“ и на „Поетска ноќ во Велестово“. Уредник е на рубриката за поезија на сајтот „Трубадурски собор“.