31.`Поетска ноќ во Велестово` - Воскресија Андреевска

 
 Воскресија Андреевска е родена во Скопје, 1993 година и завршила Сликарство и графички дизајн на ФЛУ во Скопје.



Има освоено неколку награди од областа на графич­киот дизајн, трето место во 2015 г. на тема „750 години од раѓањето на Данте Алигиери“. Го дизајнирала офи­цијалниот постер за студентскиот театарски фестивал „Скомрахи“, дизајнирала постер и за 8-от интернацио­нален натпревар „Скопје постер“ на тема: “Enabled for disabled”. Во 2017 г. освоила награда за најдобар дизајн на маичка на натпреварот организиран од TEDx центарот за социјални иновации во Македонија.

Илустрирала бројни брошури и книги, а од 2008 г. е одговорна за графичкиот дизајн на асоцијацијата „Арт поинт – Гумно“.

Од 2011 г. учествува на бројни резиденции и работил­ници во земјава и надвор од неа (САД, Шпанија, Словачка и Косово).

До сега имала три самостојни изложби, во Скопје, Демир Хисар и во САД, Северна Каролина. А учествувала на бројни групни изложби во земјава и во странство, од кои последната „Pepper“ се одржа неодамна во Њујорк.