Охрид низ објективот на нашите гости

 Многу често до нашата редакција пристигнуваат фотографии од наши читатели, кои доловувајќи одредени мигови и агли на градот, всушност ни испраќаат едно свое доживување на охридските убавини и знаменитости.

 Редовен посетител на Охрид е и нашиот читател Драган Нешиќ од Србија, кој секоја летна сезона доаѓа во Охрид и умее да направи прекрасни фотографии, кои, неретко ги споделува со нас. Уживање и одмор, за очи и душа.