Крводарителска акција `Плаошник 2019`

 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

 Бидете хумани, дарувајте ја скапоцената течност, спасете нечиј живот!

Хуманоста  покажете ја на  8 август (четврток) во периодот од 19-24 ч. и на  9 август (петок) во периодот од 9-13 ч.