Фото на насловна: Охридската чаршија во периодот на Првата светска војна

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна, ја прикажува охридската чаршија во периодот на Првата светска војна (1914-1918 година).

 Навистина тешко е да се утврди во кој дел од чаршијата е направена фотографијата, но со оглед на околностите и времето кое веќе е далечно минато, разбирливи се промените кои го формираат новиот лик на Охрид.

Оваа фотографија, рамка на едно минато време, за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.