Фото на насловна: Чунови на Сараиште, 1942 година

  Деновиве нашата насловна страна ќе ја краси фотографија која датира од 1942 година, а го прикажува стариот занает на охриѓани – риболовот, односно моментот кога рибарите ги спростирале своите мрежи на Сараиште, штотуку растоварени од охридските чунови, кои пак, се еден од главните обележја на Охрид.

Фотографијата за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.