Познатиот тенор Влатко Груевски со солистички концерт ќе се претстави пред охридската публика

  Познатиот тенор при Националата опера и балет, Влатко Груевски, на 15.07.2019 ќе се претстави пред охридската публика со свој солистички концерт.

 Концертот кој е дел од летната концертна сезона на Груевски, насловена “The Art of Power”,  ќе се одржи во Куќата на Уранија, која е во сопственост на Академијата на науки и уметности, со почеток во 20:30 часот.

 Освен со овој концерт, Влатко Груевски со уште 15-ина други концерти во текот на летната сезона ќе се претстави во повеќе градови на нашата држава.