Денес - две претстави на завршниот ден од `Вдиши театар`

 Безвременската урнебесна комедија „Радован Трети“ од Душан Ковачевиќ  спектакуларно ја претстави   театарската група од Црвен крст Суботица на третиот ден од Меѓународниот аматерски фестивал Вдиши Театар.

 Актерите - аматери на сцената во предворјето на Св. Софија на оригинален и комичен начин го прикажаа случките на човекот кој не може да се снајде во голем град и постојано жали за родниот крај од каде дошол.

На четвртиот и последен ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе настапат театарските групи на Црвен крст Ужице во 18:30 во Центарот за култура „Григор Прличев“ со претставата „БРЕ ШОУ“ и Црвен крст Крагуевац во 21 ч. во предворјето на Св.Софија со претставата „100 ЗА ЕДЕН“.