Мотивациска работилница `Духовно будење` во `Шила`

 Во сабота, 25.05.2019 г., бидете дел од  Мотивациската Работилница под наслов ,,Духовно Будење,,, која е закажана за  19ч во  `Шила`.
 

 Идејата за Мотивациска Работилница од ваков тип е потребата кај луѓето да се крене свесноста за моќта на нивниот ум. Живеејќи во ова брзо време со специфични услови, луѓето дозволуваат да паднат духовно и да доживеат падови во нивните животи кои оставаат длабоки траги и им претставуваат огромна препрека за понатамошното секојдневно животно функционирање.

На оваа мотивациска работилница сите учесници ќе имаат можност да бидат кокреатори на едно заедничко духовно будење кое ќе ги поттикне да направат одредени промени кон подобро во своите животи.

Работилницата ќе биде интерактивна, сите учесници ќе бидат дел од разновидни вежби кои се предвидени за овој настан.

Збогатување на програмата е и медитација од 30 минути каде сите учесници ќе го почувствуваат огромниот бенефит од медитацијата како главна и основна алатка за подигнување на својата вибрација и смирување на нивните мисли.
 
Целта на оваа работилница е да се поттикнат учесниците да направат промени кон подобро во своето сопствено секојдневно живеење.
 
Работилницата ќе ја води Снежана Билко - Мотивациски Говорник, личен и духовен тренер, сертифициран тренер по дуална терапија, сопственик на првиот мотивациски веб портал во Македонија www.bidivovortex.mk, автор на мотивациската книга ,,Што си ти,, предавач и обучувач на голем број мотивациски семинари, предавања, работилници и обуки низ повеќето градови во Македонија.
 
Местата се во ограничен број, пријавете се и резервирајте го вашето место со вашите лични податоци и телефонски број на: bilkovortex@gmail.com или на тел. 077/866-922 најдоцна до 22.05.2019г.

Цената за учество на оваа работилница изнесува 500 денари.