Хуманоста е љубов што вечно трае

 `Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри.` - пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираа свадбената веселба на 05 Мај 2019 г.

 Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.

 Собраните играчки денес ги донираа во Дневниот центар `Зраци`,  дневниот престој `Добротољубие`  и во детското одделение при Општата болница Охрид. Заедно со тетка Анета на дечињата  им подарија ден исполнет со љубов, радост и желби за многу здравје. 

Им посакуваме вечна љубов и дар од Бога.