Стартуваше 21 издание на фестивалот `Распеано рибарче`

 Денес стартуваше 21 издание на фестивалот на детски песни `Распеано рибарче`.

 На големата сцена во Центарот за култура `Григор Прличев` од денес до сабота ќе се претстават 18 нови песнички кои ќе го одбележат годинешното издание на овој традиционален детски фестивал.

Денес се одржаа две претстави со почеток во 10:30 и 12:00 часот, за дечињата од основните училишта, како и за оние од претшколска возраст. И утре во истите термини учениците ќе уживаат во детските хитови за ова лето.

 Официјалната, вечерна претстава, е закажана за сабота, 11.05.2019, со почеток во 19 часот.

 Распеаните рибарчиња ги покануваат сите љубители на убавата забава, да дојдат и да уживаат во најискрените емоции изразени преку детската песна!

Покровител на фестивалот и оваа година е Градоначалникот на Општина Охрид.

pesucesuces 1