Светски популарната книга за деца „Сплесканиот зајак“ сега и на македонски!

 Деновиве од печат излезе детската книга „Сплесканиот зајак“ од Бардур Оскарсон, писател за деца, илустратор и уметник од Фарските Острови, добитник на многу книжевни награди.

Изданието е на ПНВ Публикации од Скопје, а книгата од англиски ја преведе Јулијана Величковска.

Оваа книга за деца е преведена на повеќе од десет светски јазици, како и другите дела од овој извонреден автор. Но, она што книгата ја прави посебна, е тоа што таа е подеднакво забавна и за децата и за возрасните!

„Сплесканиот зајак“ ви го препорачуваат и неколку глобално популарни медиуми:

„Ненаметливо и длабоко проникливо.“ – The New York Times

„Ремек-дело на минималистичкото раскажување... исполнето со тивка духовитост и меланхоличен восхит“ – Brain Pickings, Најдобра детска книга за 2014 година

„Совршен и искрено детски во својот пристап... Овој наслов провоцира и размислување и дискусија.“ – Kirkus Reviews

„Невообичаено телесно... но токму ова многу тактично борење со смртта  е она што прави да се чувствува таа искреност.“ – Booklist, Editors’ Choice 2014
 
...Куче и стаорец си оделе по патот и наишле на зајак. Сплескан зајак. Тоа им се видело мошне тажно, па решиле да го преместат. Но каде би го однеле? Што да се прави со сплескан зајак?

Посетете го штандот на ПНВ Публикации на Саемот на книгата и дознајте!