Во среда започнува Саемот на книга во Скопје - еве што да одберете!

 Уште само еден ден не дели од отворањето на  Саемот на книгата, закажан за терминот од 8-ми до 14-ти мај во ВИП арената `Борис Трајковски` во Скопје, а нашите пријатели ПНВ Публикации имаат одличен пакет понуди, со кој сигурно читателите ќе направат `чистка` на претстојниот Саем.

Најниски цени за Саемот на книгата 2019 - Исклучи се со книга и уживај! – порачуваат од ПНВ!



Книги поезија за само 50 денари, или 5 книги за само 200 денари; класици и друга проза од македонски автори, како и неколку стихозбирки за само 100 денари или направете свој избор од 6 книги за само 500 денари! – се дел од понудите кои ќе ги најдете на штандот на ПНВ Публикации на Скопскиот Саем!



И запомнете: `Оној што чита, живее илјада животи..  Оној што не чита, живее само еден..`