Во недела на Велигден бесплатен паркинг во Охрид

 Од ЈП Билјанини Извори информираат дека по повод големиот христијански празник Велигден,  на ден 28. 04. 2019 година (недела), користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатно за сите нејзини корисници.

 - Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник.
ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Северна Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник ! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !