Охридската чаршија во 60-те години на минатиот век

 Деновиве уште една интересна фотографија од колекцијата на слики од минатото ќе ја краси нашата насловна страна.

За сите носталгичари, но и оние кои со задоволство ги будат сеќавањата на минатите времиња, споделуваме фотографија од 60-те години на минатиот век, кога чаршијата ја краселе голем дел од објектите кои и ден денес постојат во ист или обновен лик.

 Оваа фотографија ја позајмивме од фејсбук групата `Охрид, слики од минатото`, каде за јавноста ја постираше  нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.