`Правиме добри дела и растеме заедно` - настан во знакот на добрината и хуманоста

 Денеска (14 април) во Градскиот парк во Скопје, на Школка, со почеток во 10:30 часот се случи најголемото и најблагородно дружење со цел ширење на добрина и хуманост.

 Настанот насловен „Правиме добри дела и растеме заедно“ го организира женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.

Имено, веќе трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено месец април е посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна, но сепак слична.



 Денес на Школка во Градскиот Парк посетителите уживаа во богата програма која акцентот го стави на најмладите, учествуваа многу уметници а околу сцената  имаше ликовна работилница, Театар со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи, многу подароци за посетителите, а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.



Голем број на компании и институции несебично ја даваат својата поддршка за организација на овој настан верувајќи дека инклузијата и добрината се единственото што може да го направи светот поубаво место за живеење.