Први меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија!

Утре, 12.04.2019г. во 11:00ч. свечено ќе бидат отворени Првите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија, кои ќе се одржат во Хотел “Дрим'' Струга во периодот од 11 до 14 април 2019г..

 На настанот кој е од едукативен и спортски карактер учество ќе земат претставници на институциите, на мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, релевантни стручни лица од областа, лица со трансплантирани органи и лица на дијализа од повеќе држави од регионот.

Организатор на настанот е Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН.