Фото на насловна: Плажата `Парк` во 70-те години на минатиот век

 Фотографиите кои го отсликуваат Охрид во минатото секогаш се привлечни за разгледување, за будење убави чувства, спомени, понекогаш носталгија, но во секој случај интересно е кога се присетуваме на некогашното време.   

  На нашата насловна страна редовно издвојуваме простор за  дел од минатото на Охрид, а за деновиве наш избор е фотографијата која ја прикажува плажата пред хотелот `Парк` во 70-те години на минатиот век.

 Фотографијата за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски, во фејсбук групата `Охрид, слики од минатото`.