`Ти во седум бои` - нова претстава на НАТГ `Аматер`

  Независната Аматерска Театарска група „Аматер“ со големо задоволство го најавува својот нов проект,  претстава „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ .

Претставата е во режија на Јован Цветкоски, а е создадена во соработка со охридските уметници: Емилија Колоска, Ансамбл Билјана, Никола Јосифоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска.

 Премиерната изведба на претставата ќе се случи на 13ти април од 20:00 часот во малата сцена на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Репризата е закажана за наредниот ден, 14ти април од 20:00 часот на истата сцена во НУ  Дом на култура „Григор Прличев“, Охрид.

 Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 05.04.2019 (петок) по цена од 150 денари.