Ваши реакции - кој ќе ги `разбуди` одговорните служби?

 До нашата редакција пристигна допис со фотографии од наши читатели, жители на улицата `Воденичарска` во с.Велгошти.

 Жителите на оваа улица револтирани се од односот на јавните служби, каде до сега многу пати ја пријавувале состојбата со една од бандерите на  улицата, но до сега никој од надлежните не извршил увид на местото, каде, како што сметаат тие потребна е итна санација. Имено, бандерата, како што се гледа од приложените фотографии, е пред паѓање, а тоа секако дека е она што загрижува, бидејќи во моменталнава состојба таа претставува опасност за луѓето, особено за децата кои се жители на ова место, и секојдневно поминуваат тука на патот кон училиште.

Се надеваме и упатуваме апел, одговорните што поскоро да извршат увид и да ја решат ваквата загрижувачка состојба.