Во петок, 15.03.2019год., Црвен крст Охрид со пригодна свеченост ќе го одбележи Денот на крводарителството

 
 Во петок, 15.03.2019, Црвен крст Охрид со пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, ќе го одбележи Денот на крводарителството во Македонија.

 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува.
  •  Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, информираат од Црвен крст Охрид.
Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во Р. Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца, и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид на 15.03.2019 год.(петок), со почеток во 14:00 часот, на која ќе бидат доделени бројни признанија.