Промоција на стихозбирката `Директни обраќања` од Марина Икономова Шокева

 Во сабота, 16-ти март, бидете дел од  промоцијата на најновата стихозбирка „Директни обраќања“ од Марина Икономова Шокева, во издание на ПНВ Публикации.

Настанот е закажан во Тераса Аквариус со почеток во 18:00 часот. Промотор на стихозбирката ќе биде Зоран Јакимоски, а стихови ќе чита Марина Димовска.

 Ова е втора стихозбирка на поетесата Марина Иконовмова Шокева, а нејзината поезија е застапена во многу алманаси, ревии и заеднички стихозбирки во земјава и странство, како што се: `Бранувања`, `Литературни искри`, `100 000 поети за промена`, `Месопотамија` и други.

 Стихови од Марина Икономова Шокева се препеани и објавени во Босна и Херцеговина и во Србија. Во 2017 година излезе од печат нејзината прва стихозбирка `Слики од бунарот`.