Денес облачно со повремени врнежи и постудено време

 Синоќешниот ветер и дожд донесоа заладување кое денес се манифестира со облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а максималната дневна температура ќе достигне 4°С.

За утре метеоролозите предвидуваат постабилно, претежно сончево време со температури кои во ноќните часови ќе се спуштат до нулата, а дневниот максимум се очекува да биде 7°С.