Земја, камен, дрво и ментален талог од Животот - Смиле Наумоски - Брсјак

 Старите селски куќи, плевни, дворови секогаш будат носталгија и желба да бидат посетени, да се почувствува чистината на природата, да се ужива во мир и спокојство, но и да се разбуди некој убав спомен за некогашната топлина која извирала во сега веќе големата празнина.

Нашиот сограѓанин Смиле Наумоски – Брсјак често пати знае да направи сесии од фотографии на село, и со тоа да ги разбуди емоциите кај луѓето за она што сега го нарекува `Говор на тишината`, истакнувајќи дека `натажените сведоци не се предаваат`.

Од неговиот циклус фотографии, во оваа прилика со вас споделуваме како изгледаат дел од селските куќи и плевни денес.