20 години неслучајна убавина – АРС НОВА


`Жената треба да биде две работи – отмена и прекрасна` - Коко Шанел


  
 На 3-ти март годинава, брендот  `АРС НОВА` одбележа јубилејни 20 години. Приказната започна 1999 година кога Сашко Георгиески, како што вели и самиот, барајќи се себеси ја создаде својата Нова Уметност – АРС НОВА.
Патот до успехот е макотрпен, но љубовта и посветеноста, секако се основата за лесно искачување на скалилата на најуспешните. Токму таму се наоѓа салонот кој ја негува убавината на огромен број девојки, жени, клиенти, повеќе или помалку познати, но и многу јавни имиња, врвни музичари, личности кои со полна доверба, несебично се препуштиле на вештите раце на Сашко и тимот на Арс Нова, воопшто. Неговите вештини низ годините со светлосна брзина, успешно, им покажаа и докажаа на клиентите колку се блиску до светските модни трендови, рушејќи ги табуата и отворајќи ги златните порти кон светот со стил.



`Младоста е среќна, бидејќи е способна да ја види убавината, а секој кој може да ја види убавината не старее.` - Франц Кафка



 За својот јубилеј, за значењето на Арс Нова, она што е денес, но и за иднината, Сашко Георгиески на социјалните мрежи напиша:

`Драга моја АРС НОВА,
Како да беше вчера... 03.03 1999 год. Барајќи се во животот те создадов тебе - АРС НОВА. Беше и ќе останеш моја НОВА уметност. Со тебе созреав, творев, цврсто чекорев, живеев... и ќе живеам. Ти си мојата муза и фантазија. Ти си мојот Париз. Направи идеали и оригинали. Создаде бренд.
Низ твоите златни порти излегоа стотици задоволни лица. Останаа верни како љубовта да е создадена само за нас.
Заедно го срушивме табу ѕидот и направивме широк пат кон модата и светот со стил....
Ќе живееме така барем уште 20, ти ветувам!!!
Благодарен на сите драги пријатели мои, а најмногу на моите најсакани, си знаете кои... ќе речам и овој пат:
Убавината не е случајна!!!
Je t'aime...
Со љубов,
Сашко Арс Нова`
 
 Арс Нова, ние посакуваме оваа убавина да трае уште многу, многу повеќе од 20 години! Честит јубилеј, и уште поголеми успеси нека бидат дел од Вашата приказна!
 
Во продолжение ви нудиме сосема мал дел од оваа голема уметност. Насладувајте се и уживајте со убавината која, уште еднаш да ве потсетиме, не е случајна!