`На кафе кај чинарот` - во 40-те години од минатиот век

 Деновиве нашата насловна страна ќе ја краси фотографија која нè носи во 40-те години од минатиот век.
 

Тоа е времето кога охридскиот чинар бил место каде луѓето се собирале и уживале во дневните кафе-муабети. Има многу што да се пишува за историјата на вековниот чинар, но во оваа прилика, ќе ве оставиме да уживате во фотографијата која ја позајмивме од фејсбук групата `Охрид слики од минатото`, каде ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски.